Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица. Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
OhridNews











