На гласачкото ливче за претстојните парламентарни избори Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе биде прва. Следат ДПА, ДУИ, Коалицијата предводена од СДСМ… Вака одлучи ждрепката што денеска ја одржа Државната изборна комисија.

Редослед на гласачкото ливче на изборите 2016:

1. Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ

2.ДПА

3.ДУИ

4.Коалиција предводена од СДСМ

5.Коалиција за промени и правда

6.ПДП

7.Коалиција Алијанса за Албанците

8.Либерална партија

9.Коалиција ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА

10.Беса

11.Левица

Ждребувањето го извршија подносителите на кандидатските листи.

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 11 декември. Изборната кампања започнува на 21 ноември. Право на глас на изборите имаат 1.770 736 гласачи запишани во Единствениот избирачки список.

OhridNews