Околу една година се очекува да трае новата истрага за падот на претседателскиот „кингер“, на која ќе работи Меѓународна комисија со експерти од БиХ, Хрватска , Србија и Македонија.

Како што денеска соопшти шефот на Комисијата, Омер Кулиќ, имињата на петнаесетчлениот меѓународен тим нема да бидат  познати на јавноста, како би се избегнало евентуално влијание врз нивната работа.

Според Кулиќ, целта на комисијата е да ги утврди фактите како до дошло несреќата, а македонската јавност ќе биде известувана на секои два месеци за евентуалните наоди.

Комисијата нема да ја утврди вината и одгворното лице, туку причини зошто дошло до пад. За тоа дали во несреќата постои одговорни лица и дали ќе бидат процесуирани, ќе одлучува обинителството.“ – истакнува Кулиќ.

Она што ќе се истражува во земјава, ќе биде Дирекцијата за цивилно воздухопловство, односно  организацијата која тогаш управувала со потребите на авио-превоз на Владата. Во БиХ ќе бидат истражувани навигациските средства на аеродромот во Мостар, процедурите кои биле применети на тој аеродром и самото место на несреќата.

Инаку, владиниот „кингер” со кој патуваше претседателот Трајковски на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26-ти февруари 2004 година, се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар.

OhridNews