Пред една година, на 22 мај 2019, започна со работа специјализираниот кофи шоп “Shilla Donuts“ – проект на “Шила“, концептуелниот бар и кафе’ кој претходно веќе седум години со својата уникатна приказна и настани од различен карактер внесува свежина во урбаното живеење на Охрид.
Позитивните реакции на гостите и препораките на социјалните мрежи, покрај другото, ја издвоија “Шила“ и во синоним за врвно кафе. Затоа се решивме да го надоградиме тој сегмент од понудата преку нов специјализиран објект фокусирајки се на бројни и ретки врсти квалитетно кафе и неколку внимателно одбрани производи кои создаваат совршен спој на вкусови и гурманско уживање. – велат од “Шила“

Посебен акцент, во соработка со охридската вљубеничка во готвењето Наталиja Деспотовски алијас “Natali Cooking“, главен “виновник“ за менито и менаџирањето на објектот, е ставен на нов тип крофни и мафини, припремени по домашни рецепти.
Најбарани се уникатните торти од крофнички кои станаа хит и се нарачуваат за секакви пригоди и веселби. – додава Натали.
За вљубениците на здравата храна и спортот се нудат и енергетски оброци, шејкови и смутиња…
Сакавме мал симпатичен локал по примерот на италијанските еспресо барови и француски бистроа кој нема да плени само со својот надворешен шарм и ентериер туку и со мирисот на свежо мелено кафе, тазе приготвени кроасани и крофни. После една година може да кажеме дека успеавме да бидеме дел од секојдневието на многумина домашни и странски гости кои уживаат во убавините на Охрид со вкусно кафе и мали деликатеси или едноставно застануваат на “гурманска“ пауза од секојдневните обврски. – истакнуваат од менаџерскиот тим.
Во продолжение галерија за “лижење прсти“. Трк до чаршија ☺
Една година кофи-шоп “Шила“ – највкусните крофни и кафе за носење
OhridNews


























