Пред една година, на 22 мај 2019, започна со работа специјализираниот кофи шоп “Shilla Donuts“ – проект на “Шила“, концептуелниот бар и кафе’ кој претходно веќе седум години со својата уникатна приказна и настани од различен карактер внесува свежина во урбаното живеење на Охрид.

Позитивните реакции на гостите и препораките на социјалните мрежи, покрај другото, ја издвоија “Шила“ и во синоним за врвно кафе. Затоа се решивме да го надоградиме тој сегмент од понудата преку нов специјализиран објект фокусирајки се на бројни и ретки врсти квалитетно кафе и неколку внимателно одбрани производи кои создаваат совршен спој на вкусови и гурманско уживање. – велат од “Шила“

За прв пат покрај квалитетно италијанско еспресо за носење, охриѓани имаат прилика да пробаат и специјални типови од 100% арабика кафе со контролирано географско потекло од најпознатите плантажи во Бразил, Етиопија, Јамајка, Кенија, Индија, Костарика, Гватемала.

Посебен акцент, во соработка со охридската вљубеничка во готвењето Наталиja Деспотовски алијас “Natali Cooking“, главен “виновник“ за менито и менаџирањето на објектот, е ставен на нов тип крофни и мафини, припремени по домашни рецепти.

Најбарани се уникатните торти од крофнички кои станаа хит и се нарачуваат за секакви пригоди и веселби. – додава Натали.

За вљубениците на здравата храна и спортот се нудат и енергетски оброци, шејкови и смутиња…

Сакавме мал симпатичен локал по примерот на италијанските еспресо барови и француски бистроа кој нема да плени само со својот надворешен шарм и ентериер туку и со мирисот на свежо мелено кафе, тазе приготвени кроасани и крофни. После една година може да кажеме дека успеавме да бидеме дел од секојдневието на многумина домашни и странски гости кои уживаат во убавините на Охрид со вкусно кафе и мали деликатеси или едноставно застануваат на “гурманска“ пауза од секојдневните обврски. – истакнуваат од менаџерскиот тим.

Во продолжение галерија за “лижење прсти“. Трк до чаршија ☺

Една година кофи-шоп “Шила“ – највкусните крофни и кафе за носење

OhridNews