Ниту политичка одговорност, ниту правна разврска за насилното исфрлање на новинарите од собраниската галерија пред една година. На најгруб начин беше прекршен Уставот на Република Македонија, а државните институции избегнуваат да се соочат со одговорноста, рече претседателот на здружението на новинари Насер Селмани, кој заедно другите новинари лани на 24 декември беше исфрлен од собраниското обезбедување од галеријата, јавува „Телма“.
Како што потенцираат од Здружението на новинари на Македонија, доколку Уставниот суд не констатира очигледна поврена на Уставот, ќе се обратат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Се работи за тешка повреда на Уставот, мора да се расветли случајот за да се подобри имиџот на Македонија во светот и да се врати довербата на граѓаните во уставниот поредок.“ – рече Селмани.
Пратениците на СДСМ и коалиционите партнери, кои на денешната седница на Собранието се појавија облечени во бели маички на кои беше испишан зборот „Слобода“, свртеа грб на собраниската говорница и повикаа на едноминутно молчење во знак на 24-ти декември 2012 година.
Инаку, пред точно една година, пратениците од опозицијата и новинарите беа исфрлени од галеријата од страна на собраниското обезбедување. На „црниот понеделник“ му претходеше жесток конфликт помеѓу власта и опозицијата околу постапката за носење на Буџетот.
OhridNews