Фудбалскиот клуб Нант ќе му оддаде почит на својот трагично загинат играч Емилијано Сали и во недела во натпревар на домашен терен против Жирондинс де Бордо ќе игра во сино – белите дресови на Аргентина.

Нант ќе одбележи една година од смртта на Сала, кога авионот на аргентинскиот напаѓач се урна на пат кон Кардиф, каде Сала требаше да потпише договор за англискиот прволигаш.

Наместо традиционалната комбинација во зелено-жолта боја , фудбалерите на Нант ќе играат во специјални дресови на Аргентина, кои ќе излезат во продажба во недела, а целиот приход да оди во фудбалско училиште во родената земја на Сала.

Нант и Кардиф Сити се уште се расправаат околу трансферот на парите за Сала.

OhridNews