По преземени оперативни мерки, викендов, Полициската станица од Велешта, го приведе Џ.И.(33) од струшкото село Октиси. Истиот, на седми овој месец, е затекнат во дворот на црквата „Св.Никола“ непосредно по обидот за насилно отворање на металната каса, поставена во црковниот двор, односно прицврстена на надворешниот ѕид од црквата „Св.Никола“.
Во моментот на приведувањето, кај Џ.И. пронајдена е земјоделска алатка-копач, со која тој пробал да ја отвори металната каса, нанесувајќи повеќе удари и оштетувајќи ја металната брава. Со навремената интервенција на полициските службеници, спречен е неговиот понатамошен обид да ја отвори металната каса од црковниот објект на македонската православна црква.
Криминалистичката полиција во Струга, работи на целосно расчистување на ова казнено дело, по што на Џ.И. ќе му биде поднесена кривична пријава. Воедно, полициските инспектори, преземаат мерки за расчистување на тешката кражба во обид, што денес е пријавена во полициската станица , а е извршена во црквата „Св.Петка“ во струшкото село Вишни, од каде, засега непознат сторител, со кршење на прозорскиот отвор, од внатрешноста на црквата одзел 1000 денари.
Во текот на 2010 и 2011 година, полициската станица од Струга, против Џ.И. има поднесено вкупно три кривични пријави за сторени кривични дела тешка кражба и тешка кражба во обид.












