Познатата охридска туристичката агенција „Генералтурист“, чии зачетоци се во седудесеттите години од минатиот век, а како приватен правен субјект успешно на пазарот работи повеќе од две децении, денеска ги пушти во употреба новите простории на булеварот „Туристичка“ 32, во зградата на СИЗ, веднаш до аптека „Био лек“.

Поради зголемен обем на работа и договорите со нашите коминтенти, имавме потреба од поголеми простории, а и локацијата е во близина на претходната. Тука ќе имаме многу поголеми и подобри услови, пред се за нашите коминтенти и се разбира за нашата работа. – изјави Перо Јакимов од ТА „Генералтурист“.

„Генералтурист“ е позната како рецептивна агенција чиј заштитен знак е одличниот сервис на услуги од конгреси и семинари до ВИП групи од САД и Британија. Аранжманите за оваа година се подготвени, а веќе се размислува и за следната година. Јакимов е отпимист за претстојната туристичка сезона, дотолку повеќе што веќе е зад нас е ковид кризата, а добри се и најавите.

Има простор за оптимизам. И во разговорите со нашите партнери од Хрватска со кои соработуваме во добар дел, владее оптимизам. И минатата сезона беше добра, но оваа ќе биде подобра. Има едно правило во туризмот кое вели „не треба да гледаме што било вчера, туку да гледаме што ќе биде утре“. Јас реално сум оптимист, а тоа е и причина за нашите нови простории. – додава Јакимов.

Работите можат да бидат уште подобри доколку поработиме на дефинирање на нашиот туристички производ и целни групи на кои треба да се насочи градот Охрид, истакнува искусниот туристички работник Перо Јакимов.

Една од најстарите и најпрепознатливи туристички агенции во Охрид „Генералтурист“ во нови простории 

Г.М.