Во периодот кој претстои планирано е една од најстарите книги на балканските простори чиј сопственик е НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид повторно да се врати во оваа установа.
Како што информира директорката на оваа нациоанална установа, Александра Белевска, станува збор за прохорпчинското изборно евангелие кое датира од четврата четвртина на 14-тиот век, а врз кое треба да се изврши конзервација во идниот период.
„Ова е доста значаен проект кој планираме да го реализираме во иднина, односно да извршиме конзервација на прохорпчинското изборно евангелие кое важи за едно од најстарите дела на балканските простори кое е во наша сопственот. Моментално се наоѓа во Националната универзитетска библиотека во Скопје, каде треба да биде извршена конзервацијата.“ – информира Белевска.
O.T.