Барселона го демолираше Реал Мадрид со 5-0 нанесувајќи им го еден од најтешките порази во нивните меѓусебни дуели. Се` течеше како по вода за избраниците на Пеп Гвардиола, кои правеа што сакаа на теренот на Ноу Камп.


Само еден тим играше на “Ел Класико“ , домаќините немаа милост за “кралевите“ и во нивни препознатлив стил од минута во минута го “мелеа“ противникот.


Серијата голови ја отвори “мозокот“ Чави по додавањето на “рбетот“ Иниеста. Нешто подоцна играчот за големи мечеви Педро, зголеми на 2-0.


Кога виде дека е “добро“ затворен аргентинецот Меси се одлучи да му се сервира на Давид Виља кој дебитантскиот настап во “Ел класико“ го зачина со два гола.


Во финишот на мечот Жефрен по акцијата на Кркиќ, ја комлетираше петардата во мрежата на Касиљас. По судиското надополнување “кралевите“ го загубија паметот и Рамос заработи црвен картон.

M.П.