
Претходно, деветмината демонстранти кои што беа обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување на службени дејствија“, на протестите кои се случија пред Владата на 5 мај, пред судот ја признаа вината. Сите деветмина се изјаснија дека се виновни и дека вината ја признаваат без никаков притисок, јави репортерот на Макфакс.
Судот им го укина притворот на сите, а вујкото на Нешкски, треба до правосилност на пресудата два пати месечно да се јавува во суд. Адвокатот на петмина од демонстрантите, Мирослав Вујиќ, побара судот да ја земе во предвид состојбата во која се наоѓал вујкото на Мартин Нешкоски како дел од семејството кое изгубило близок член.
Протестите на 5 мај беа организирани откако опозицијата објави аудио снимки во кои што високи функицонери од власта наводно се обиделе да го скријат убиството на Нешкоски, кое се случи ноќта помеѓу 5 и 6 јуни 2011 година, додека власта ја славеше изборната победа.
На протестите пред Владата дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата.
OhridNews
извор Макфакс












