Дека светот одамна е тргнат во чудна насока и не треба некоја посебна анализа. Доволно е само да се погледнат насловите на светските вести или да се погледне околу себе. Некој ќе рече отсекогаш имало чудни работи, ама сега има интернет и секој има телефон, па ништо не може да избега. Којзнае.
Ние се решивме за две видео стории чиј н.з.с. е човечка негрижа. Всушност се работи за животни, односно односот на човекот кон нив. Во првиот случај кози слободно шетаат низ охридската населба Мегдани, пасат по дворови и јадат ѓубре од контејнер.
Во вториот случај, читател ни испрати кратко видео од Охридското Езеро на кое се гледа како капач држи дива птица со која наводно потоа рекреативците се фотографирале.
Ниту на козите местото им е во град, а уште помалку по дворови и контејнери, а уште помалку дивите птици на Охридското Езеро служат за забава. Ама како што веќе истакнавме светот одамна е тргнат во чудна насока, луѓето исто така.
Г.М.











