На 14.08.2026 во 16:35 часот во OВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишно лице од Охрид и патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 39-годишно лице од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди од возилото „хјундаи“ се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници 44, 24 и 15-годишни, сите од Охрид и 27-годишно лице од Германија. Додека пак, другиот возач исто така се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Струга.
OhridNews











