Вчера околу 22 часот на локалниот пат Вевчани – село Горна Белица кај месноста викана „Смолејца“ во близина на Вевчани, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со охридски регистерски ознаки, управувано од Христијан С.(1992) од село Вевчани, излетало од коловозот и се превртело на кров во нивите.

Од здобиените повреди на лице место починал Христијан, додека сопатниците Н.П.(1993) и А.П.(1992), двајцата од село Вевчани, се здобиле со тешки повреди и по укажаната лекарска помош во струшката Општа боница се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место е извршен од страна на  јавен обвинител,истражен судија и увидна екипа од струшката полициска станица и ПО-Вевчани.

OhridNews