Вчера, во 12 часот во охридската Полициска станица 35- годишно лице од Скопје  пријавило дека истиот ден во времето од 03,45 до 04,00 часот, додека бил во кабаре, во близина на излезот кон летната бавча, го заобиколиле повеќе непознати лица и го однеле кај споредниот излез, каде бил физички нападнат со повеќе удари со тупаници по лицето. Откако паднал на подот, го удирале со клоци, по што сите лица си заминале оставајќи го да лежи на скалите.

По настанот, на истиот укажана му е лекарска помош во Општата болница, каде се констатирани тешки телесни повреди, фрактура со дислокација на коскени фрагменти на лев максиларен синус.

СВР-Охрид превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот. 

OhridNews