38-годишен стружанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила вчера во 16.25 часот, во Струга на улицата „Партизанска“. Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило “Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки управувано од лице од село Лабуништа и скутер „Априлиа“ со охридски регистарски ознаки управуван од 38-годишниот стружанец.
Во незгодата возачот на скутерот се здобил со фрактура на лева клучна коска, поради што по укажаната лекарска помош во струшката Општа болница, е пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.
OhridNews












