Вчера, околу 8 часот, на ул. „АСНОМ“,поради нерасчистен паричен долг настанала расправија помеѓу две лица , во која едното со нож најнапред и се заканувал на сестрата на другото лице, по што на братот му нанел расекотина на рака, додека сестрата со такси возило ја однел во непознат правец.
Околу 9 часот и 20 минути сестрата била вратена во близина на местото на настанот, а при увидот на лице место, пронајдени биле две чаури од пиштол .
Како што информираат од МВР се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.












