
Како што соопшти полицијата, несреќата се случила на пресекот помеѓу булеварот „Железничка“ и улицата „Егејска“ каде дошло до судар помеѓу товаrно возило „Ивеко“ со штипски регистарски таблички и помало товарно возило „Киа“ од Ресен кое се превртело. Во сударот полесно бил повреден возачот на товарното возило „Ивеко’.
Ова е втора сообраќајна несреќа во последните 24 часа. Синоќа кај училишниот центар „Јахја Кемал“ на регионалниот пат Струга – Охрид се преврте автомобил при што животот го загуби едно лице.












