Синоќа околу 22.50 часот се случила сообраќајна незгода во близина на Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“. Во незгодата учествувале две патнички возила „пунто“ и „волво“ со охридски регистарски таблички. При тоа едно лице е повредено и тоа е пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

Увид на местото на несреќата извршил изтражен судија, заменик јавен обвинител и екипа на СВР Охрид.

OhridNews