Секторот за внатрешни работи Охрид, од слобода го лиши Д.О.(56) од Струга, а презема мерки за пронаоѓање на уште четири други лица кои околу 04 часот и 20 минути, во кафе барот „Еспана“, предизвикале насилство и  го нарушиле јавниот ред и мир.

Овие лица, откако влегле во кафе барот, физички го нападнале Н.Д.(29) од Охрид и му задале повеќе удари со огнено оружје- пиштол и стаклено шише, во пределот на главата. Напаѓачите по нападот избегале, а Н.Д. со расекотини по главата и лицето бил пренесен во општата болница во Охрид, каде му се констатирани лесни телесни повреди. Во патничко моторно возило марка „Опел-корса“ оставено во близина на кафе барот „Еспана“, полициските службеници пронашле гасен пиштол, кој понатака ќе биде предаден на вештачење.

Заради целосно расчистување на настанот, во СВР Охрид, на разговор повикани се десетина лица присутни во кафе барот и извршени се неколку претреси во домовите на четиричлената  група.

На местото на настанот, во присуство на истражен судија, јавен обвинител и полициски раководители, извршен е криминалистичко-технички увид. Секторот за внатрешни работи Охрид, продолжува со активностите за целосно расчистување на овој настан.

OhridNews