Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што вчера нешто по 17 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Климештани.

Тешко повреденото лице веднаш по несреќата било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и се наоѓа вон животна опасност.

Како што информираа од СВР Охрид, во незгодата учествувале две патнички моторни возила марка „мерцедес“ со охридски регистарски таблици и „пасат“ со кичевски регистарски таблици. Движејќи се во правец кон Охрид, на критичното место „мерцедесот“ скршнал на спротивната коловозна лента и се судрил со „пасатот“.  Во незгодата возачот на пасатот минал со лесни телесни повреди.

На лице место извршен бил увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител.

OhridNews