На магистралниот пат Охрид-Ресен кај селото Опеница, денес во 2.30 часот, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со охридски регистерски таблици управувано од 21-годишно лице од Оровник и патничко моторно возило „Фиат Пунто“ управувано од 63-годишно лице од охридското село Лескоец.

Во сообраќајната незгода на местото на настанот починал совозачот во возилото „Фиат Пунто“, 50-годишно лице од Лескоец, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници од истото возило, на возраст од 38 години и едно 13 годишно дете.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews