Едно лице го загуби животот во несреќен настан случен рано утрово околу 07 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на каменоломот кај месноста „Бороечки мост“.
64- годишниот Неде Ц. од селото Пискупштина им подлегнал на повредите во обид своето патничко моторно возило марка „Застава 750“ да го стави во погон, туркајќи го преку регионалниот кон спореден пат,во правец на Глобочичкото езеро.
Патничкото моторно возило кое притоа добило забрзување, се превртело на левата страна каде се наоѓало лицето кое не успаеало да влезе во возилото и да го сопре неговото движење по надолниот пат.
На местото каде се случил несреќниот настан извршен е увид од страна на Јавен обвинител, и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.
OhridNews