Во сообраќајна несреќа која се случи утрово, околу 1 часот, на регионалниот пат Охрид- Свети Наум, на влезот во селото Пештани, животот го загуби едно лице.

Како што информираат од СВР- Охрид, станува збор за лицето М.К. родено 1984 година. Во несреќата тешко е повредено уште едно лице, кое е пренесено во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „С в. Еразмо“ .

Според првичните информации, најверојатно причина за несреќата е неприлагодена брзина на условите на патот. Тешко повредениот В. Н. (38) од Скопје изгубил контрола врз моторциклот со кој управувал, при што излетал од патот и удрил во бетонска ограда, при што на лице место животот го загубил неговиот сопатник, М.К. инаку син на познат македонски новинар.

Увид на лице место извршила екипа од СВР- Охрид и истражен судија, по чија наредба над телото на загинатиот ќе биде извршена обдукција.

OhridNews