До незгодата дошло кога лицето А.С. родено 1986 година од Велешта, кое управувало моторцикл марка „Хонда“ и се движело во правец од Струга кон Велешта, директно се судрило во предниот дел од трактор кој се движел на регионалниот пат и во моментот сакал да скршне кон спореден пат.
Возачот на моторциклот со тешки телесни повреди бил пренесен во струшката Општа болница, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите. Возачот на тракторот се здобил со повреди, но е вон животна опасност.
На лице место на несреќата излегле екипи од струшката Полициска станица и истражен судија, а извршена е и обдукција врз телото на починатиот.