
Во незгодата со лесни телесни повреди се здобија лицата П.Н. роден 1953 година од селото Коњско и Р.Н. родена 1960 година, која во Општата болница во Охрид е задржана на понатамошно лекување. Истите биле во патничко моторно возило „Фијат Пунто“ со охридски регистарски таблички управувано од лицето Д.Н. роден 1982 година од Коњско.
На лице место, увид извршија екипи на СВР Охрид и Истражен судија при Основниот суд од Охрид.
извор: СВР Охрид












