Вчера околу 16 часот и 45 минути на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај населбата Рача, се случи тешка сообраќајна незгода во која  на лице место животот го загуби лицето Оливера К. родена 1973 година од Охрид.

Во незгодата со лесни телесни повреди се  здобија лицата П.Н. роден 1953 година од селото Коњско и Р.Н. родена 1960 година, која во Општата болница во Охрид е задржана на понатамошно лекување. Истите биле во патничко моторно возило „Фијат Пунто“ со охридски регистарски таблички управувано од лицето Д.Н. роден 1982 година од Коњско.

На лице место, увид извршија екипи на СВР Охрид и Истражен судија при Основниот суд од Охрид.

извор: СВР Охрид

Ohridnews