Утрово во 9 часот, во струшката Противпожарна служба бил пријавен пожар кој избувнал во работилница за изработка на пластични ролетни.
Кратко време по пријавата, на лице место пристигнале две екипи со седум пожарникари кои веднаш пристапиле кон гаснење на пожарот кој зафатил дел од пластичниот материјал во работилницата, поради што дошло до создавање на густ чад.
Како што информира командирот на Противпожарната служба, Урим Каба, пожарникарите во работилницата пронашле едно лице, во бесвесна состојба, на кое му било пружена прва помош, а набргу пристигнала и екипа од Одделението за итна медицинска помош во Струга и лицето било одведено во струшката болница.
Според најновите информации лицето се наоѓа вон животна опасност.
Каба потенцира дека пожарот за кратко време бил изгаснат, па така не дошло до негово проширување и на останатите куќи меѓу кои се наоѓа работилницата.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 45-год...
По ставањето во функција на системот „Безбеден град“ во Охрид на 12 октомври, граѓаните реагираа на начинот на кој функционираат семафорите на улицата „Железничка“ Возачите укажуваа дека светлосна...
Прекин во водоснабдувањето најавуваат во понедленик, 26 октомври, на целата териотрија на Општина Струга од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга Прекинот, велат, ќе биде поради изведување работи за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.