Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес од 13:30 до 14:30 часот на овој патен правец ќе има едночасовно сопирање на сообраќајот во двата правци.
Инаку, застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село Врбјани е поради потребите на градежната фирма „Илинден“ која ги изведува работните зафати на изградба на автопатот Кичево – Охрид.
OhridNews