Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од Општина Охрид. За таа цел, објавен е јавен повик.
Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст, но поради степенот на попреченост не се во можност да посетуваат настава и се лекуваат во домашни или болнички услови. Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство, информираат од Општина Охрид.
За оваа намена во буџетот на Oпштина Охрид за 2023 година се предвидени 300.000,00 денари.
Повеќе информации за јавниот повик на линкот.
OhridNews












