Градот Скопје на денешната вонредна седницакоја започна со едноминутно молчење во знак на загинатите во синоќешните поплави, едногласно со 29 гласови одлучи да се додели еднократна помош од 3.000 евра за секој загинат во едно семејство по вчерашната поплава.
Градоначалникот Коце Трајановски синоќешното невреме го опиша како „водена бомба“ која паднала врз Скопје, даде отчет за синоќешната акција, и објасни дека во Стајковци и Сингелиќ тимовите за спасување успеале да се пробијат во 21 часот со помош на специјалните сили на МВР и армијата. Тој рече дека долго време механизацијата на Градот не можела да стигне до Стајковски, а проблем бил и прекинот на телефонските врски.
На седница која ќе почне во 16 часот се очекува Владата да прогласи ден на жалост, додека пак Скопје и Тетово ќе се прогласат за кризни подрачја, пренесува „Макфакс“.
Членовите на Советот од СДСМ рекоа дека тие се максималмо конструктивни и ги поддржуваат активностите на терен, но сакаат и бараат да бидат дел од сите тимови и комисии кои ќе ги прават проценките од поплавите. Воедно од СДСМ повикаа најдоцна до утре да се свика итна седница на Советот на Град Скопје за доделување на помош и за оние граѓани кои претрпеле огромни материјални штети.
Обновено: Бројките се зголемуваат, 21 загинато лице, 20 идентификувани
OhridNews