„Велосипедите се за јавна употреба. Користете ги внимателно, соодветно и не оштетувајте ги.“-ова меѓу другото на повеќе јазици го пишува на упатството за употреба на статичните  велосипеди во Холандскиот парк во близина на градскиот кеј, кои само неколку месеци по поставувањето се речиси уништени. Покрај бојата, оштетени се седиштата, фалат педали и други делови.


Статичните велосипеди се подарок од кралството Холандија. Во знак на пријателство и благодарност Охрид во месноста Мазија изгради Холандски парк кој наместо пријатно катче за прошетки и рекреација претставува грда слика која е одраз на несфатливата деструкција во нашето општество.

OhridNews