Во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, утре ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Јоаким Осоговски и неракотворен лик на Господа Исуса Христа“.

Со богослужбата (едноцрквие за Охрид) што започнува во 8.45 часот, ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на празникот.

Ohridnews