Македонската eдрилицарска репрезентација учествува на Балканското Првенство кое се одржува во Галаксиди, Грција. Едриличарите ќе се натпреваруваат во повеќе класи и тоа Оптимист,  Ласер Стандард,  Ласер 4,7 и  470.

– На жалост како и во повеќето земји овде беше очекувано од страна на организаторот на Балканијадата да бидеме условувани со кратенката Фиром. Уште од самото пристигнување осетивме некоја тензија но се разбира кога е во прашање Македонија секогаш ќе постои притисок од страна на Грчките преставници како што се случи 2009 година во Србија. Сместени сме 12 км од местото на едрење , Турската репрезентација е на 2 км додека сите останати се во самиот центар на градот кој е само 500 м одалечен од местото каде што се едри – велат од македонската едриличарсkа репрезентација.

На македонските едриличари не им преостанува ништо повеќе туку на спортскиот полигон да ги покажат своите умешности и квалитети и да ја престават Македонија во што подобро светло.

М.П.