На 29 и 30 јули во водите на Охридското езеро ќе се одржи едриличираската регата „Охрид 2017“. Официјалниот почеток на регатата која се возобнува е во 10 часот, а едриличарите ќе се натпреваруваат пред градското пристаниште.
– Наша цел е популаризација на едрењето, не само како спорт туку и како начин на живот. Затоа ги покануваме сите заинтересирани да дојдат и земат учество на регатата и секако сите останати да не бодрат за време на трката. – изјави од клубот Акватика.
OhridNews