Се подготвува едукативен постер за пештерите и лилјаците во Национален парк „Галичица“ наменет за најмладите, информираат од ОО Црвен крст Охрид.

Активно работиме на подобрување на едукацијата за заштита на животна средина. Се подготвува едукативен постер за пештерите и лилјаците во Националниот парк „Галичица“, наменет за возрасна група на деца од градинка. Постерите, во текот на наредниот период, ќе бидат дистрибуирани во рамки на образовните институции, градинки, на територија на општина Охрид, додаваат.

Подготовката на постерот е во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица” кој е поддржан од страна на PONT/CEPF, како активност која беше одговорност на проектниот партнер Истражувачко друштво „Урсус спелеос“.

OhridNews