На 19 и 20 мај, во Струга ќе се оддржи едукативен семинар на тема „Решение за вашата финансиска иднина“.
Ќе се обработуваат теми кои можат да помогнат во подобрување на личниот и семеен буџет. На семинарот ќе се обработуваат темите: Личен паричен тек, кои се правилата на игра во светот на парите? Дали сум добар финансиски менаџер? Како се дефинираат финансиските цели? Алатки за долгорочни финансиски цели – Cost-average effect, Финансиски продукти и потенцијал на пазарот, Живееме ли сеуште во општество со колективна одговорност? Како функционираат социјалните фондови?Кои алтернативи ги имам на располагање? Тековната ситуација – криза или потенцијал за работа? Франшизата како сопствен бизнис.Какви модели на бизниси постојат? Колку ми се достапни? Што вложувам, што добивам? Каде е мојот бизнис?
Цената за учество е 2900 денари, со посебен попуст за учесници од Охрид и Струга, 1900 денари. Во цената е вклучена обуката и материјалите за работа.
Сите заинтересирани за учество на едукативниот викенд можат да се пријават најдоцна до среда 16.05.2012година на е-маил адресата:[email protected]












