Секторот за внатрешни работи Охрид, преку отсекот за превенција а во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Охрид, викендов ќе ја реализираат превентивната кампања „Лето без пожари“.
За таа цел, вечерва од 19 часот, на градското пристаниште ќе биде изведена показна вежба и демонстрација на опремата со која располага ППЕ И ДЗС а на поставените штандови ќе се делат флаери, брошури и друг едукативен материјал за превенција од пожари на отворен простор.
Кампањата ќе продолжи утре од 09 до 11 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.
OhridNews












