
„Органското производство во Македонија станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во исхраната и како систем ги зема предвид еколошките, економските и социјалните аспекти на земјоделството на локално, национално и на глобално ниво, а општина Охрид има голем потенцијал за развој и унапредување на органското земјоделско производство.“ – велат од локалната самоуправа.
Се покануваат сите земјоделски производители, потрошувачи, хотелиери и заинтересирани лица за присуство да земат учество и да присуствуваат на оваа едукативна работилница.
Инаку, обуката која е во организација на Секторот за Туризам и локален економски развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на општина Охрид, ќе ја реализираат стручни лица од Контролното сетификално тело „ПРОЦЕРТ“ – Скопје.
OhridNews











