По повод Ден на Охридското Езеро на 21.06.2021 година, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина- Регионален зелен центар Охрид, во рамки на проектот „Младинско ЕКО лето“ поддржан од CIVICA MOBILITAS организираше едукативна средба во просториите на Извиднички центар- Охрид.
На едукативната средба свое излагање имаа претставници од Fondazzione Santagata, Unesco Biosphere reserve Monviso, Italy кои говореа за искуството на младинската вклученост и заштитата на прекуграничните места назначени од Унеско. Во вториот дел свое излагање имаше Дејан Пановски кој ги презентираше почетоците на билатералната заштита на Охридското Езеро и развојот на планот за управување со сливот на Охридското Езеро.

OhridNews












