„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес го организира во основното училиште „Христо Узунов“ во 18 часот. Состанокот е планиран во соработка со локалната самоуправа –Охрид- сектор за комунален развој,  а поканети се председатели и преставници на урбаната заедница „Горна влашка мала“, претставници од заедници на станари и заинтересирани граѓани.

На средбата, инспектор за превенција по криминалистички работи,  со пауер поинт презентација ќе одржи едукативно предавање на тема: „ Обезбеди се не биди жртва на кражби“.

На средбата предвидени се наменски осврти и на одредбите од Законот за домување.

OhridNews