Едукативната трибина ќе се одржи денеска во Големата сала на Собранието на Општина Охрид во Охрид, со почеток во 18 часот.
Во Македонија од рак на грлото на матката секоја година заболуваат над 200 жени, а приближно половина од нив умираат од овој тип на малигном. Во светски рамки пак над половина милион нови случаи се регистрираат годишно, од кои 300.000 случаи се со фатален исход.
Трибината на која ќе говорат активисѕти и лекари е наменета за сите девојки и жени, кои се повикуваат да превземат се за превенција од рак на грлото на матка, преку редовни гинеколошки прегледи, ПАП тестови, одговорно сексуално однесување со сите мерки за заштита од полово преносливи болести и редовна програма за вакцинација против ХПВ вирусите.