Како што информираат од јавното претпријатие, наскоро центарот ќе биде завршен, свечено промовиран и отворен за посетителите кои тука ќе можат да ги добијат првичните информации за националниот парк.
– Едукативниот центар во Охрид е прв од ваков вид во Македонија и е еден од најсовремените на Балканот. Во него ќе се застапени содржини од областа на геологијата, културно- историското минато на Охрид и населението кое живее на овој простор, ќе има катче за продажба на сувенири , мултимедијална опрема за презентација на вредностите на паркот, а ќе се врши и промоција на Охридското и Преспанското езеро и водниот свет кој живее во нив, објаснува директорот на ЈП Национален парк Галичица, Зоран Ангелоски.
Проектот за опремување на центарот се реализира во соработка со експерти од рускиот Центар за национални паркови “Заповедникс”, а е финансиран од германската KFW банка.