Во рамки на заедничките активности во здравствено превентивната дејност, НВО Опција Охрид и Црвен крст Охрид, како резултат на соработката со oхридскиот Гарнизон на АРМ, на 30.03.2011 г. (среда) ќе реализираат превентивно-едукативни работилници за војниците, во касарната во Охрид.

Тим од лекари и инструктори на Црвен крст и Опција Охрид, на интерактивен начин, ќе ги презентираат основните и најважни информации за превенција, заштита и лекување на одредени заразни болести: Хепатитис, ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, со цел подигање на нивото на знаења кај војниците, за овие  болести, како и запознавање на војниците со програмите за намалување на штети од употреба на дроги и програмите за поддршка на сексуални работници.

Во текот на работилниците на слушетелите ќе им пиде поделен соодветен едукативен материјал.

OhridNews