Во пресрет на Светскиот ден на дијабетот, 14 ноември 2025, Црвен крст Охрид во соработка со Здружението на лица со дијабет тип 1 од Охрид организира едукативно-забавен настан.
Настанот ќе биде проследен со физичка активност и мерење на шеќер во крвта на сите заинтересирани лица на штадот поставен за оваа намена на пешачката патека кон Горица, после мостот, велат организаторите.
Едукативно-забавниот настан ќе се одржи во недела, 2 ноември, во периодот од 11 до 13 часот.
OhridNews
 
					




 
							







 
					