Младински Совет Охрид, по трет пат се вклучува во реализација на едукацијата на децата од основните училишта за корисноста, значењето и опасностите од електричната енергија. Целта на проектот кој Младинскиот Совет го реализира  во соработка со ЕВН е на децата да им се овозможи дидактички методна едукација, соодветен на возраста на децата. 


Преку проектот децата се  запознаваат со поимот електрична енергија,  видовите на енергија кои се користат во домовите и изворите на енергија,  кои се опасностите од небезбедно користење на  електричната енергија и начинот тие да се избегнат. Тие исто така се запознаваат и со начините на заштеда на електрична енергија.


Примарна целна група се децата од 3 и 4 одделение во сите основни училишта во Р. Македонија, а секундарна целна група се родителите на децата и наставниците по предметите запознавање на природата и општеството и запознавање на природата. Младински Совет Охрид проектот ќе го реализира во основните училишта во Охрид, Белчишта, Струга, Ресен, Кичево Центар Жупа, Зајас, Осломеј и Дебар, како и во Лескоец, Рача, Подгорци, Подмочани, Мислешево, Октиси, Стрелци, Србица, Грешница и Новак.


Проектот започна на почетокот на месец октомври, и ќе се реализира во текот на учебната 2008-1009 година при што ќе бидат опфатени 1300 ученици.

Ohridnews