Честа да го отворат јубилејното 20-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2025“, ја имаа екипите на Кафе бар 9 и Дооел Ноче. Победникот од минатата година, Кафе бар 9, славеше со 1:0.

На отворањето на турнирот се одиграа четири натпревари на кои беа видени 14 гола, или нешто над три по натпревар.

Резултати 16.07.2025

Кафе бар 9 – Дооел Ноче 1:0

Бурекџилница Гока – Ресорт Бате Боле 0:4

Ресен – Фк Куршум Лакочереј 7:1

Стоматолошки центар Др. Баткоски – Аце Најдески 1:0

Турнирот во Велгошти продолжува денеска со четири натпревари од фазата по групи.

Распоред на натпревари 17.07.2025

20:00 Кибо Пласт – Топлина

21:00 Фурна Настоски и Форт кафе – Гранит Х

22:00 Гостилница Кај Мече – Македонија

23:00 АСП ПАК – Мартиник мебел

Г.М.