Претседателот на Египет, Абдул Фатах ал-Сиси прогласи тримесечна вонредна состојба во земјата, по терористичките напади во копстките цркви, во кои загинаа 44 лица.
Исламската држава, вчера изврши терористички напади врз две коптски цркви, во Танта и Александрија. Во нападите загинаа 44 лица. Египетскиот претседател по нападите донесе одлука да биде прогласена вонредна состојба во државата.

Оваа мерка на безбедносните сили им овозможува да вршат претсреси и да апсат без притоа да имаа судски налог. Пред да биде прогласена тримесечна вонредна состоба, одлуката на претседателот треба да биде одобрена од парламентот.

Сиси по состанокот на Националниот совет за одбрана рекол дека „војната против џихадистите ќе биде долга“. По состанокот тој наредил војската да биде респоредена низ целата земја „поради заштита на инфраструктирата која има витално значење за државата“.