ОПЕМ и Невладината „Светла Иднина 2009 Охрид“ бараат во градовите каде има најмногу Египќани улици со имиња на нивни видни членови, кој како ковачи, занаетчии, естрадни уметници, коии, како што се наведува во иницијативата, оставиле неизбришлива трага во севкупното општественополитичко, културно и во последно време, спорстско живеење, во градовите Охрид, Струга , Ресен, Кичево.

– Тие луѓе тоа го заслужуваат. Токму затоа, и формално правно ќе поднесеме барање, заедно со невладината „Светла Иднина 2009“, до Општините Охрид, Ресен и Струга, да некои од улиците на овие градови го носат името на истаканати Египќани, со што и ние ќе се чуствуваме како неделив дел од нашата заедничка татковина Република Македонија, истакна Демир Далип, првиот човек на Граѓанската иницијатива „Опем“.

Засега офивијално, институциите не ја коментираат иницијативата на охридските Египќани.

OhridNews
фото: Илустрација